На вчерашното годишно Собрание на Охридска банка акционерите ги потврдија резултатите на банката за 2012 година и ги усвоија финансиските извештаи за годината. Од Охридска банка соопштуваат дека банката манифестираше солидна отпорност во 2012 во предизвикувачко пазарно опкружување и објави нето-добивка од 2 милиони евра што е 3,5 пати повисока од резултатот во 2011 година. Кредитите се зголемија за 16 отсто, депозитите за 19,2 отсто, а средствата за 10,8 отсто. Ние сме посветени на одржување на ова подобрено ниво на финансиските перформанси со истовремено зголемување на нашето пазарно учество на среден рок.
На вчерашното годишно Собрание на Охридска банка акционерите ги потврдија резултатите на банката за 2012 година и ги усвоија финансиските извештаи за годината.
Од Охридска банка соопштуваат дека банката манифестираше солидна отпорност во 2012 во предизвикувачко пазарно опкружување и објави нето-добивка од 2 милиони евра што е 3,5 пати повисока од резултатот во 2011 година.
Кредитите се зголемија за 16 отсто, депозитите за 19,2 отсто, а средствата за 10,8 отсто.
„Ние сме посветени на одржување на ова подобрено ниво на финансиските перформанси со истовремено зголемување на нашето пазарно учество на среден рок. Во тек се проекти од суштинско значење што ќе ни помогнат во постигнувањето на нашата мисија: реализација на планираното репозиционирање во Скопје со ново седиште во главниот град, реструктурирање и оптимизација на мрежата на експозитури, понатамошно подобрување на трошоците на банката и управување со системите на контрола и внимателно управување со ризиците“, истакна Јитка Пантучкова, претседател на Управен одбор на Охридска банка.